ВИДЕО: Апокалиптични сцени и утрово, најмалку 40 мртви, продолжуваат судирите меѓу Израел и Хамас

пред 3 години

Најмалку 35 лица се убиени во Газа и пет во Израел во продолжението на жестоките судири меѓу палестинските сили и Израел кои траат веќе неколку дена. Израел испрати тенкови на границата со палестинската територија.

Израелските власти соопштија дека нивните авиони утрово гаѓале и убиле неколку палестински разузнавачи, а дека другите напади биле насочени кон други воени цели на Хамас.

Од рано изутрина се слушаат сирени во Тел Авив, а одекнаа и неколку експлозии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги интензивира нападите врз Газа, додека претставникот на ООН за Блискиот исток повика на прекин на огнот и предупреди дека „трошоците на војната ги плаќаат обичните луѓе“. Во градот Лод е прогласена вонредна состојба заради конфликтот, кој властите го опишуваат како граѓанска војна.

Палестинските сили испалија стотици ракети кон Израел кој пак претходно изведе силни воздушни напади на Појасот Газа. Мртвите се бројат на двете страни.

За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ексалацијата на израелско-палестинскиот конфликт. Состанокот е инициран од Кина, Тунис, Норвешка, Франција, Естонија, Ирска, Свети Винсент и Гренадини, Нигер и Виетнам, откриваат дипломатите.

На претходната средба во понеделникот, Советот за безбедност на ООН не успеа да се договори за заедничка изјава.

Палестинските сили потврдија дека испалиле стотина проектили кон Тел Авив откако беше извршен воздушниот напад во појасот Газа. Израелската војска информираше деак гаѓа милитанти во Газа како одговор на нападите на Ерусалим и на другите пдорачја.

Scroll to Top