Бајден: Поединечната помош од владиниот пакет нема да биде помала од 1.400 долари

пред 3 години

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека е подготвен да ги разгледа построгите креитериуми за прримателите на помош од пакетот економска помош за санирање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Тој истакна дека вредноста на пакетот е 1.900 милијарди долари и оти не планира да го намали износот од 1.400 долари наменети за секој примател на помошта.

Вашингтон пост претходно објави дека Белата куќа е подготвена да го намали бројот на приматели на помошта, но оти инсистира дека износот нема да биде помал од 1.400 долари по примател.

Scroll to Top