Берлин: Изјавата на Лавров е загрижувачка

пред 3 години

Германското министерство за надворешни работи го смета за вознемирувачки коментарот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој рече дека Русија е подготвена да ги заостри односите со ЕУ.

До прекин на односите со ЕУ би можело да дојде доколку Брисел воведе санкции ризични за чувствителните сфери на економијата, наведе Лавров.

„ Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати претходно, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија“, посочи тој.

Неговата изјава е навистина загрижувачка и неразбирлива, рече портпаролката на министерството за надворешни работи, додека владиниот портпарол Штефан Зајберт додаде дека само може да се согласи со тоа, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролката на германското МНР ги пренесе оценките на министерот Хајко Мас, кој не ја отфрли можноста за нови санкции, но истовремено нагласи дека е важно да се одржи дијалогот со Русија.
Односите помеѓу Русиај и Западот се влошија по апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Scroll to Top