Бил Гејтс: ПАНДЕМИЈАТА НЕ ВРАТИ 20 ГОДИНИ НАЗАД

пред 4 години

Пандемијата на коронавирусот запре 20 години напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, според основачот на Мајкрософт Бил Гејтс. Во извештајот објавен денес од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се вели дека сè заостанува скоро во секој показател во н ивните обиди да ги исполнат целите на Обединетите нации за одржлив развој со цел да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста. Екстремната сиромаштија е зголемена за седум проценти како резултат на пандемијата. Покриеноста на вакцините, која го мери функционирањето на здравствените системи, падна на нивото што последен пат беше забележано во 90-тите години на минатиот век, носејќи го светот назад околу 25 години за 25 недели . Податоците исто така покажуваат дека економските ефекти од пандемијата ги зајакнуваат нееднаквостите, особено кај жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија. Гејтс за Би-Би-Си изјави дека очекува ефективната вакцина за Ковид-19 да биде готова до почетокот на 2021 година. – Пандемијата предизвика големи проблеми со дистрибуцијата на храна и ги зголеми цените на храната, додаде Гејтс.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top