Бил Гејтс прими вакцина против коронавирусот

пред 3 години

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на Твитер и објави фотографија.

Гејтс наполни 65 години и со тоа влезе во делот од популацијата на САД кој се смета за ризична група и има приоритет во вакцинирањето.

-Неделава ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно, истакна милијардерот.

Тој им се заблагодари на „научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии заради кои дојдовме до ова“.

Тој не откри која од достапните вакцини ја примил.

Scroll to Top