Изјава на Бил Гејтс за вакцините предизвика бран критики во јавноста

пред 3 години

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и најмоќен филантроп, се најде на удар на критики откако рече дека ќе ги повлече патентите за технологијата за вакцини против Ковид-19 и ќе ги сподели рецептите со светот за да ги зголеми производството и дистрибуцијата – и покрај зголемените меѓународни повици тоа да се стори – беше лоша идеја.

Прашан директно за време на интервјуто за „Скај њуз“ дали смета дека ќе помогне ако се споделат рецептите за вакцини, Гејтс брзо рече „не“.

Основачот на „Мајкрософт“, чие богатство е 131,3 милијарди долари (според „Форбс“), во голема мера се потпира на законите за заштита на интелектуалната сопственост што ги искористија неговите иновации во софтверот, и тој објасни зошто неговиот одговор е негативен.

„ Има толку многу фабрики за вакцини во светот и луѓето се многу сериозни во врска со нивната безбедност. Затоа, пренесување нешто што никогаш претходно не било сторено – преместување на вакцината, на пример од фабрика (Џонсон и Џонсон) во фабрика во Индија – е новина – такво нешто може да се случи само заради нашите грантови и експертиза“ рече тој .

Гејтс зборуваше за фабриката за серум во Индија, најголемата ваква институција во земјата која има договори со компанијата „ Астра зенека“ за производство на нивните вакцини против ковид-19, меѓународно позната како „ковишилд“.

Сепак, она што ја спречува горенаведената идеја за дистрибуција на вакцини не е интелектуална сопственост, пишува Salon.com.

Сепак, активистите за промени во заштитата на интелектуалната сопственост во Светската трговска организација кога станува збор за вакцини против ковид-19, остро го критикуваа милијардерот за одбрана на статус кво состојбата.

Scroll to Top