Ердоган ја прими кинеската вакцина против коронавирусот

пред 3 години

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја прими кинеската вакцина „КоронаВак“ против Ковид-19, со цел да им даде пример на граѓаните, јави Анадолија.

Турското претседателство објави фотографија на која Ердоган со маска на лицето ја прима првата доза на вакцината во болница во Анкара.

– Се надевам дека кампањата за вакцинација ќе биде корисна и дека брзо ќе ги добиеме потребните 50 милиони дози вакцини, рече Ердоган. Тој ги повика лидерите на различни политички партии да ја примат вакцината и да им дадат пример на граѓаните.

Турција почна со вакцинација против Ковид-19 со кинеската вакцина КоронаВак на компанијата Синовак, и покрај контроверзните податоци за нејзината ефикасност. Првите дози на вакцини се наменети за медицински работници.

Во Турција, која има 83 милиони жители, досега се регистрирани 2,3 милиони луѓе заразени со вирусот, а повеќе од 23.000 од нив починаа.

Scroll to Top