Данската кралица прими вакцина против коронавирус

пред 3 години

Данската кралица Маргарета Втора, која е многу популарна кај народот, ја прими првата доза на вакцината против ковид-19, објави кралската куќа.

„Нејзиното височество кралицата беше вакцинирана денес против ковид-19. Кралицата ќе ја прими втората доза за три недели”, се вели во соопштението.

Маргарета Втора го прослави својот 80-ти роденден во 2020 година и е меѓу првите во земјата кои ја примија вакцината.

Скоро 30.000 луѓе од 5,8 милиони жители на Данска се вакцинирани со вакцината на „Фазјер“ од почетокот на кампањата за вакцинација на 27 декември.

Scroll to Top