Борел: Руските власти се одговорни за состојбата на Навални

пред 3 години

Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Џозеп Борел, го повтори повикот до руските власти да обезбедат соодветна здравствена заштита на еден од лидерите на опозицијата, Алексеј Навални, кој во моментов е во затвор во Русија.

Пред почетокот на неформалните разговори на Советот на Европската Унија, Борел предупреди дека здравствената состојба на Навални се влошува.

„Вчера издадовме соопштение во кое, во име на 27-те земји членки, ги замолуваме руските власти да му обезбедат здравствена заштита на Алексеј Навални. Тие се одговорни за неговата безбедност и здравствена состојба”, рече Бореj.

Тој најави дека прва точка на дневниот ред на денешната видео-конференција на министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе биде Русија, како поради состојбата на Навални така и поради акумулацијата на руски трупи на границата со Украина.

„Односите на ЕУ со Русија не се подобруваат, тензиите растат во различни области“, заклучи Борел.

Scroll to Top