Руски медиуми: Руските власти со чувари во училиштата ќе се обидат да разубедат и спречат млади да одат на неодобрени демонстрации

пред 3 години

Властите во Русија планираат да распоредат чувари во училиштата за да го спречат учеството на учениците во демонстрации за поддршка на Алексеј Навални, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Комерсант.

Специјално обучени луѓе ќе разговараат со младите „на нивниот јазик“ и ќе ги убедуваат да не учествуваат на неодобрени протести.

Сега училиштата се под зголемен надзор затоа што многу демонстранти се млади. Според активистите за човекови права, само минатата недела во целата земја биле уапсени 205 малолетни лица.

Министерот за образование Сергеј Кравцов не сака да ја остави оваа „едукативна работа“ само на наставниците. Овие инструктори следната година треба да ја почнат својата работа низ целата земја.

Во 10 региони, распоредувањето треба да се тестира во следните неколку месеци. Тие ќе бидат платени по околу 160 евра месечно.

Scroll to Top