Борис Џонсон ќе прогласи едномесечен карантин во Англија

пред 4 години

Борис Џонсон е подготвен да објави дека ќе се воведе едномесечен карантин на Англија, објави Sky News.

Мерките, кои ќе траат од ноември до 2 декември, ќе вклучат затворање на пабови, ресторани и некои продавници.

Се очекува, Џонсон да прогласи „ниво 4“ во цела Англија од мерките против Ковид-19, на денешната прес-конференција.

Ова, исто така, подразбира и забрана за мешање на различни семејства во домовите во целата земја, иако училиштата, универзитетите и колеџите ќе останат отворени.

Градежништвото ќе продолжи со работа како и судовите и парламентот, кои исто така ќе останат отворени.

Владата се очекува да ги претстави новите национални мерки како продолжение на нејзиниот поделен пристап кон ограничувањата во борбата против Ковид-19.

Во земјата досега имаше три нивоа на мерки, во зависност од стапката на локална инфекција.

Бидејќи цела Англија сега треба да влезе во нов четврти степен во траење од неколку недели, се разбира дека планот на владата е различни делови од земјата подоцна да бидат ослободени од построгите мерки и да се вратат во постојните три нивоа во различни периоди, во зависност од стапките на пренос.

Scroll to Top