Британија без одлука за статусот на дипломатите од ЕУ

пред 3 години

Велика Британија се уште не донела конечна одлука дали на амбасадорот на ЕУ, Жоао Вале де Алмеида да му одобри целосен дипломатски статус, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Велика Британија и ЕУ имаат недоразбирања откако британската Влада одби да им одобри на европските дипломати целосен дипломатски статус по Брегзит.

– Ние сме прагматични по ова прашање. Секако дека ЕУ не е универзална меѓународна организација, односно, не е држава во класична смисла, но разговараме со нив и сигурен сум дека ќе постигнеме решение, истакна Раб, додавајќи дека европските партнери ќе бидат третирани на начин кој го заслужуваат.

Scroll to Top