Песков: Дипломатите се протерани од Русија поради учеството во незаконски протести

пред 3 години

Русија протера неколку дипломати поради преземање на акции од странските дипломатски мисии за време на незаконските протести, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека дипломатите се протерани вчера поради нивно учество во протестите на приврзаниците на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

– Русија нема да трпи вакво однесување, посочи Песков.

Руското Министерство за надворешни работи на 5 февруари им врачи протестна нота на амбасадорите на Шведска, на Германија и на Полска поради нивната поддршка за опозиционерот Алексеј Навални. Според официјална Москва таквите нивни дејности се неприфатливи и не се во согласност со нивниот дипломатски статус. Тројцата дипломати беа прогласени за „персона нон грата“ и имаа рок да ја напуштат Русија.

Протерувањето на дипломатите наиде на осуда од меѓународната заедница.

Scroll to Top