Британија среде борба против коронавирусот: 1,5 милиони луѓе вакцинирани, а над три заразени

пред 3 години

Речиси 60.000 нови случаи на Ковид-19 беа пријавени вчера во Велика Британија, со што вкупниот број заразени во земјата достигна над три милиони.

Велика Британија е петта земја во светот со повеќе од три милиони луѓе заразени со вирусот.

Соединетите Американски Држави се на прво место, а по нив следат Индија, Бразил и Русија.

Повеќе од 50.000 нови случаи се регистрирани во Велика Британија дванаесетти ден по ред, вклучително и рекордните 68.000 регистрирани на 8 јануари.

Вчера беше пријавен малку помал број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот – 1.035, во споредба со 1.325 смртни случаи во петокот.

Вкупно 80.868 лица починаа од почетокот на пандемијата во Велика Британија.

Вакцинацијата започна на 8 декември, а досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината.

Scroll to Top