Во Велика Британија вакцинирани повеќе од 6,3 милиони луѓе

пред 3 години

Во Велика Британија, 6,35 милиони луѓе се вакцинирани со првата доза, а 469.660 ја примиле втората доза од вакцината против Ковид-19.

Владата на Велика Британија планира до 15 февруари да овозможи вакцинација на сите кои се наоѓаат во четирите категории здравствено најчувствителни граѓани.

Во последните 24 часа, потврдени се уште 30.004 позитивни на коронавирус, најмалку од 19 декември, и 610 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 3.647.463 случаи на заразени со Ковид-19 и 97.939 починати.

Scroll to Top