Британија тестира 80.000 луѓе за да го спречи ширењето на јужноафриканскиот коронавирус

пред 3 години

Во Велика Британија денеска почна тестирање на 80.000 луѓе од врата до врата во обид да се спречи заразата со така наречениот јужноафрикански нов сој на Ковид-19.

Во Велика Британија од 22 декември досега се регистрирани 105 заразени лица во осум подрачја со новиот јужноафрикански вид на Ковид-19. Лицата ќе мора да се тестираат без оглед дали покажуваат симптоми или не.

Во Велика Британија се спроведува масовна вакцинација на населението, речиси 9,3 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината, а Владата и здравствените претставници стравуваат дека новите видови на Ковид-19 можат да ги поткопаат напорите за контрола на пандемијата.

Scroll to Top