Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници при влез во државата

пред 3 години

Велика Британија ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во таа земја двапати за коронавирусот, во обид да го контролира ширењето на нови варијанти на вирусот, објави „Телеграф“. Планот е тие да бидат тестирани двапати за време на 10-дневната изолација.

Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за луѓето кои доаѓаат во земјата од територии кои се сметаат за жаришта на вирусот.

Тестирањето сега ќе ги опфати патниците од сите земји, не само оние кои доаѓаат од жариштата, пренесува Телеграф, додавајќи дека министерот за здравство ќе ги објави тие планови следната недела.

Scroll to Top