Брод кој потона крај брегот на Турција бил украински, пронајдени телата на четири морнари

пред 3 години

Бродот кој потона во билзина на брегот на Труција за кој првично беше објавено дека е руски сепак бил од Украина. Несреќата се случила поради лошото време, за досега се пронајдени телата на четири морнари. Шестмина се спасени.

„Бродот потона поради лошто време. Пронајдени се четири тела,а шест луѓе се спасени. Поради лошото време потрагата е прекината“ – изјави гувернерот на провинцијата Синан Гунер.

Министерството за надворешни работи на Украина потврди дека во бродот имало 10 украински државјани, како и двајца Руси.

Scroll to Top