Пронајдени телата на седум жртви по свлечиштето во Норвешка

пред 3 години

Телата на седум жртви беа пронајдени во потрагата по исчезнатите, откако одрон направи големи штети на околу 30 километри од норвешката престолнина Осло.

Четири тела беа откриени во петокот и саботата, а три во неделата. Неколку лица сè уште се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани, но шансите за тоа се намалуваат, пренесува Би-Би-Си.

Идентификувани се пет жртви, вклучувајќи 40-годишник и неговата двегодишна ќерка.

Од лизгањето на земјиштето беа повредени 10 лица, уништени повеќе од 30 домови и евакуирани повеќе од 1.000 лица.

Scroll to Top