Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони

пред 4 години

Бројот на лица излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Ворлдметер“ („Worldometers”).

Досега, 32.052.614 пациенти биле излекувани од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.583.809 од сите евидентирани случаи.

Од последиците на Ковид-19 досега починале 1.162.098 лица, што е 2.66 отсто од вкупниот број забележани пациенти.

Во моментов во светот има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

Scroll to Top