Бројот на случаи со коронавирус во светот надмина 71 милион

пред 3 години

Повеќе од 71 милион луѓе биле заразени со коронавирусот ширум светот, додека речиси 50 милиони се излекувале, а речиси 1,6 милиони починале како резултат на инфекцијата, покажуваат податоците на интернет – страницата „Ворлдметер“.

Како што е наведено, од почетокот на пандемијата, 71.329.412 лица се регистрирани со коронавирус, починале 1.599.128 лица, а 49.473.092 се сметаат за излекувани.

Во моментов има 20.257.192 активни случаи во светот, од кои 106.583, или 0,5 проценти, се во сериозна или критична состојба.

САД сè уште имаат најголем број смртни случаи и заразени во светот, со повеќе од 16 милиони регистрирани случаи и 302.029 смртни случаи.

На второ место според бројот на заразени е Индија со 9.826.031 случај на коронавирус, а на трето е Бразил со потврдени 6.836.227 случаи.

Бразил, сепак, е на второто место во светот според бројот на смртни случаи со 180.437, додека 142.618 смртни случаи се регистрирани во Индија.

Русија и Франција имаат повеќе од два милиони заразени, следат Велика Британија и Италија со над 1,8 милиони заразени и Турција и Шпанија со повеќе од 1,7 милиони заразени.

Аргентина, Колумбија, Германија, Мексико, Полска и Иран исто така имаат повеќе од милион потврдени случаи на коронавирус.

Scroll to Top