Италија: Бројот на заразени со коронавирус надмина еден милион

пред 3 години

Бројот на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата во Италија денеска надмина еден милион, откако во изминатите 24 часа во земјата е регистриран 32.961 нов случај, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Според Министерството, денеска се потврдени и најголем број на починати од 6 април – 623, што претставува значаен пораст во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 580 смртни случаи. Досега од последиците на коронавирусот починале вкупно 42.953 луѓе.

Пандемијата на Ковид-19 најтешко го погоди регионот Ломбардија, каде се потврдени 8.180 новозаразени лица.

Scroll to Top