Бугарија ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“

пред 3 години

Вакцината „Џенсен“ на компанијата „Џонсон и Џонсон“ која се дава во една доза, во Бугарија ќе се користи без ограничувања, најави денеска главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Бугарија чекаше официјално мислење од Европската агенција за лекови (ЕМА), која даде зелено светло за употреба на вакцината за да започне вакцинација со препаратот на Џонсон и Џонсон.

Кунчев најави дека одредена количина на вакцини ќе биде насочена кон туристичката индустрија во Бугарија, со оглед на почетокот на сезоната. Досега од тој сектор околу 80.000 луѓе кои изразиле желба за имунизација.

– Покрај тоа, планираме вакцината Џенсен да се користи и кај ромската популација, рече Кунчев, додавајќи дека вакцината ќе се користи во групи каде што треба да се постигне побрз ефект и каде ќе биде потешко да се администрира втора доза од некоја друга вакцина.

Scroll to Top