Вакцината на Фајзер ќе има дејство најмалку една година

пред 3 години

Вакцината против новиот коронавирус, изработена од американската компанија Фајзер и германски Бионтек, ќе може да ги заштити пациентите од Ковид-19 најмалку една година, изјави за Фокс Њуз генералниот директор и коосновач на „Бионтек“ Угур Шахин.

– Очекувам вакцината да биде ефикасна најмалку една година, рече тој, нагласувајќи дека повторна администрација може да се случи една година по првата вакцинација.

Според него, развојот на вакцината почнал на крајот на јануари. Во март, Бионтек го објави своето партнерство со Фајзер.

Шахин потсети дека вакцината е подложена на клинички испитувања и во Германија и во САД. Развојот на вакцината претставува важен чекор во борбата против пандемијата во време кога има светски пораст на нови случаи на инфекцијата.

Scroll to Top