Вакцината на Џонсон и Џонсон е ефикасна меѓу 66 и 85 отсто

пред 3 години

Американската компанија Џонсон и Џонсон планира следната недела да побара одобрение од Американската агенција за храна и лекови за итна употреба на нејзината вакцина, која се применува во единечна доза.

Како што соопшти компанијата, ефикасноста е помеѓу 66 и 85 проценти.

Според компанијата, највисоката ефикасност е прикажана кај тешките случаи во САД, додека клиничките испитувања на три континенти покажале дека е 66 проценти ефикасна против различни варијанти на вирусот.

Во истражувањето спроведено на скоро 44.000 волонтери, нивото на заштита од умерени и тешки форми на болеста е 66 проценти, но само 57 проценти во Јужна Африка, каде се појави загрижувачка варијанта на коронавирусот.

Ова се послаби резултати од оние прикажани од двете веќе одобрени вакцини во САД, на Фајзер/БиоНТек и на Модерна, кои во испитувањата покажаа ефикасност од околу 95 проценти во спречување на симптомите на болеста кога се даваат во две дози.

Главната цел на студијата на Џонсон и Џонсон беше да се проучи ефикасноста на вакцината во спречување на умерени и тешки форми на болеста, а се покажа дека е 85 проценти ефикасна во спречување на сериозни симптоми и спречување хоспитализации и против разни варијанти 28 дена по имунизацијата.

Scroll to Top