Џонсон: Вакцината против Ковид-19 на „AстраЗенека“ е безбедна и исклучително ефикасна

пред 3 години

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека вакцината против Ковид-19 на „AстраЗенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ е безбедна и исклучително ефикасна, пренесува АФП, потсетувајќи дека неколку земји привремено ја прекинале употребата на вакцината под сомнение дека предизвикала сериозни несакани ефекти.

„Тоа е вакцина која е безбедна и дејствува исклучително добро“, изјави Џонсон за „Тајмс“, истакнувајќи дека релативно лесно се дистрибуира.

Во Велика Британија е во тек масовна кампања за вакцинација, а 24,5 милиони луѓе ги примија првите дози вакцина на „AстраЗенека“ или „Фајзер/Бионтек“ од декември досега. Тоа се моментално двете достапни вакцини во Велика Британија.

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО) во вторник ќе разговараат за безбедноста на вакцината на „Aстразенека“.

Scroll to Top