Вакцинацијата на австриската полиција одложена за еден месец

пред 3 години

Австриското Министерство за здравство ја одложи вакцинацијата на полицијата за еден месец, а постарите од 65 години ги вклучи во приоритетите пред полициските службеници.

Во полицијата има недоразбирање за одложување на вакцинацијата, која требаше да започне следниот понеделник, пренесува виенскиот дневен весник „Курир“.

Вакцините резервирани за полицијата сега се пренасочени кон вакцинирање на лица постари од 65 години. Имено, станува збор за вакцините на „Астра зенека“, кои требаше да се користат за полицијата, така што до крајот на април сите 35.000 чувари на редот ќе бидат вакцинирани.

„Вакцинацијата сега се одложува од благодарност за работата на полицијата“, изјави претседателот на Полицискиот сојуз, Рајнхар Цимерман.

Scroll to Top