Велика Британија: Oграничениот извоз на вакцини од ЕУ ја загрозува борбата против коронавирусот

пред 3 години

Велика Британија соопшти дека ограничувањата за извоз на вакцини против Ковид-19 можат да ја загрозат глобалната борба против коронавирусот.

Од таму додаваат дека очекуваат Европската Унија да ги почитува своите обврски во рамките на својата програма за вакцинирање, пишуваат бртанските медиуми.

“Глобалното закрепнување од Ковид-19 се заснова на меѓународна соработка. Сите зависиме од глобалните синџири на снабдување и поставувањето ограничувања ги загрозуваат глобалните напори за борба против вирусот”, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Европската Комисија ја поддржа одлуката на Италија да го блокира доставувањето на 250.000 дози на вакцината АстраЗенека во Австралија.

„Премиерот разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно оваа година и таа потврди дека нивниот механизам е насочен кон транспарентност и дека тој нема намера да го ограничува извозот, очекуваме ЕУ да продолжи да ги почитува своите обврски “, рече портпарол на британскиот премиер.

Scroll to Top