(Видео) Аргентинскиот министер за транспорт загина во сообраќајна несреќа

пред 3 години

Аргентинскиот министер за транспорт Марио Меони, во петокот доцна вечерта загинал во сообраќајна несреќа на околу 110 километри западно од Буенос Аирес.

Несреќата се случила кога Меони возел сам за време на бура, до неговиот роден град.

Локална радио станица објави снимки од пожарникари и превртено возило, пренесува „Ројтерс“.

„Со неговата смрт, Аргентина губи темелен, неуморен и искрен политичар и примерен службеник“, рече претседателот на земјата, Алберто Фернандес.

Меони беше министер за транспорт во Владата на Аргентина од 2019 година.

Scroll to Top