ВИДЕО: Ауди со огромна брзина „собра“ неколку автомобили во Загреб па заврши на кров

пред 3 години

Возач со огромна брзина се движел долж авенијата Дубрава и удрил во неколку паркирани автомобили во близина на трговскиот центар Дубрава денеска попладне, околу 14.30 часот, потврдила загрепската полиција за „24сата“.

– Само што излегов од трамвајот кога возилото со огромна брзина ги „собра“ паркираните автомобили. Луѓето го извлекоа од автомобилот и го седнаа, а штетата на другите возила е огромна, велат очевидци за хрватските медиуми.

Возачот на Аудито буквално ги „собра“ автомобилите што беа паркирани.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а засега нема информации за повредени.

– Трамваите до Дубрава беа запрени затоа што автомобилот се наоѓаше точно на шините. Остатоци од пластика и автомобил има насекаде, па сообраќајот е отежнат – додава очевидецот на страшната сообраќајка.

Scroll to Top