(Видео) Огромен кратер се отвори среде град во Италија, се трага по луѓе

пред 3 години

Голем кратер во земјата, длабок 20 метри, се отвори на паркинг во близина на ковид-центарот во Неапол, со бучава, кршење и звук на експлозија.

Тони земја, асфалт, камења и неколку паркирани автомобили се урнаа во бездната.

Според агенцијата Аги, на самото место има пожарникари кои заедно со кучињата трагачи се обидуваат да утврдат дали има луѓе меѓу урнатиот материјал и возила. Засега нема информации за повредени или евентуално исчезнати.

Кратерот и уривањето на земјата ги оштетиле каблите и цевките, затоа било потребно да се евакуира хостелот, зградата во која биле сместени полесните ковид-пациенти, но централната болница и главниот ковид-центар не биле оштетени или загрозени, па затоа продолжуваат да работат.

Властите ја исклучуваат можноста за намерна експлозија, а полицијата ги истражува причините. Агенцијата потсетува дека во Неапол во последните неколку денови имало обилни дождови.

Scroll to Top