(Видео) Огромна дупка проголта возила и дрвја во Неапол

пред 3 години

Пациентите во болницата „Дел Маре“ во италијанскиот град Неапол беа евакуирани во петокот, откако се појави огромна дупка на паркингот пред болницата, што доведе до прекин на струјата и водата.

Пожарникарите биле повикани на местото на настанот откако се појави огромна дупка која проголта возила, сообраќајни знаци и дрвја. Спасувачките екипи биле испратени на терен со кучиња трагачи, а нема информации за повредени.

Некои медиуми наведуваат дека дупката е длабока околу 20 метри. Болницата беше привремено затворена поради прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Локалните власти веруваат дека станува збор за хидрогеолошки проблем.

Scroll to Top