ВИДЕО: Во бели ковчези, закопани шестe трагично настрадани тинејџери

пред 3 години

Ракитно кај Посушје, завиткано во тага од морето на солзи, денеска се прости од шестте тинејџери кои трагично починаа на новогодишната ноќ поради задушување со гас, заедно со уште двајца нивни врсници, кои беа погребани вчера.

Колони од тажни луѓе, пишува Кликс, се собраа во Ракитно во локалната црква Свети Јован Крстител за да се збогуваат со Жана, Марија и Стипе Павковиќ, Ивана Миличевиќ, Мија Солдо и Стипе Ромиќ.

Епископот мостарски, Петар Палиќ, молејќи се над шесте бели ковчези, рече дека „сите денес ја чувствуваме нашата беспомошност, обидувајќи се да најдеме зборови што се способни да изразат болка“.

По молитвата, свештениците со тажните поворки тргнале кон локалните гробишта, каде биле погребани телата на шесте млади луѓе.

Мирела Резо и Стјепан Јукиќ беа погребани вчера во Посушје на локалните гробишта.

Трагедијата се случи на новогодишната ноќ во викенд куќа во Трибистово во близина на Посушје, каде осум тинејџери починаа поради задушување со гас.

Scroll to Top