ВИДЕО: Морничава глетка во Италија – свлечиште проголта дел од гробишта, мртовечки ковчези пловат во морето

пред 3 години

Вистинска катастрофа се случи денеска во италијанското приморско село Камољи, на полуостровот Портофино близу Џенова, каде свлечиште повлече дел од селските гробишта, а околу 200 мртовечки ковчези завршија во водите на Средоземното Море.

Гробиштата, изградени во карактеристичен стил, се сместени во голем комплекс од градби на рид над селото, на гребен надвиснат неколку десетици метри над морето. Откако денеска наутро се случил одрон, кој ги подрил темелите на зградата која гледаше кон морето, немоќните локални жители можеа само во очај да гледаат како целата градбата пред нивните очи исчезнува. Огромниот ѕидан блок буквално се скрши и пропадна во морето, заедно со закопаните тела на стотици нивни роднини, пријатели и соселани.

Според градоначалникот на Камољи, Франческо Оливари, спасителните служби во текот на целиот ден ја пребарувале водата во потрага по човечки остатоци, а морничавата глетка на ковчезите кои пловат во водата ја вознемири италијанската јавност.

Scroll to Top