(Видео) Во близина на Петриња се отвораат дупки во земјата

пред 3 години

Во населбата Меченчани, во округот Сисак-Мославина, во близина на Петриња, Хрватска, започнаа да се формираат големи дупки во земјата.

Дупките се со различна големина, а некои се со дијаметар од неколку метри.

Создадени се десетина дупки на повеќе места, а некои луѓе кои живеат во близина се иселени, објави порталот „Индекс.хр“.

Oko desetak rupa koje se šire na području Mečenčana

Posted by Daniel Pavlić on Friday, January 1, 2021

 

Порталот наведува дека дупките се отвораат затоа што земјотресите влијаат на подземните води. Пред пет дена Петриња ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,2 степени.

Scroll to Top