ВИДЕО: Голема железничка несреќа во Египет, повредени најмалку 97 лица

пред 3 години

Најмалку 97 лица се повредени денеска во железничка несреќа во египетската провинција Калиобија, северно од Каиро, соопшти тамошното Министерството за здравство.

Дел од локалните медиуми објавија дека во несреќата има и загинати, пренесуваат западните медиуми.

Повеќе од 50 амбуланти се испратени на местото на настанот, кои ги пренеле повредените во три болници во покраината.

Несреќата се случила кога неколку вагони се излизгале од шините.

Железничките несреќи во Египет се чести, а во последната, на 20 март, кога се судрија два воза во близина на градот Тахт, загинаа 20 лица, а околу 200 беа повредени.

Scroll to Top