ВИДЕО: Градоначалникот на Антверпен фатен по гаќи на интервју во живо

пред 3 години

Градоначалникот на белгискиот град Антверпен Барт де Вевер, беше фатен во непријатна ситуација, кога за време на онлајн интервју, кое го давал од својот дом, сите можеа да видат дека не носи панталони.

Де Вевер, кој е лидер на десничарската сепаратистичка партија Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, се појавил на интервјуто облечен во кошула и вратоврска, но не го одбрал најдобро аголот на снимање.

Тој се снимаше свртен со грбот кон огледалото во работната соба, јасно се гледа дека политичарот одбрал премногу опуштена варијанта и разговарот со новинарката на Радио 2, Ким Дебри, го водел облечен само по гаќи.

– Носите многу убава кошула, веројатно ја избравте специјално за нас. Но, под кошулата, дали сте во долна облека, го праша градоначалникот новинарката за време на интервјуто.

Прво ја праша новинарката како го забележала тоа, но во следниот момент сфати колку е „разоткриен“.

– Не забележав … Мојата година започнува со овој срамен момент што долго ќе го паметам, рече градоначалникот без панталони.

Scroll to Top