ВИДЕО: Десетици повредени во земјотресот во Фукушима, милиони без струја

пред 3 години

Десетици повредени и околу милион домаќинства без струја. Ова засега е билансот од силниот земјотрес со јачина од 7.3 степени по Рихтер кој го погоди источниот брег на Јапонија. Трите нуклеарни централи работат без проблем.

Сведоците од Фукушима каде земјотресот се почувствува најсилно велат дека чувствувале тресење десетина минути. Телевизиските снимки покажува искршени излози на многу продавници. Локалните медиуми јавуваат дека има триесетина повредени, но веројатно со помали повреди.

Околу 950.000 домаќинства останале без електрична енергија, изјави портпаролот на јапонската влада Катсунобу Като. Без струја главно останал североистокот на Јапонија, вклучутелно и Фукушина и соседните префектури.

Блиските нуклеарни централи „Фукушима Даичи“, „Даини“ и Кахивазаки-Карива“, работата без тешкотиите, соопшти операторот Tokyo Electric Power (TEPCO).

Scroll to Top