ВИДЕО: Експлозија во московска ковид-болница со 700 пациенти

пред 3 години

Во монтажна болница во Москва, во која се сместени над 700 пациенти болни од Ковид-19, попладнево се случи експлозија во дел од системот за довод на кислород, по што на социјалните мрежи се појавија снимки од објектот, од кој излегува густ бел чад.

Според првичните информации од надлежните, експлозијата се случила во дел од болницата кој се уште не бил пуштен во употреба, а нема повредени меѓу пациентите и вработените.

Државната агенција Тасс јави дека болницата продолжила со нормална работа по експлозијата.

Некои медиуми пишуваат дека во инцидентот е повреден еден повозрасен човек, како и дека околу 80 пациенти биле евакуирани откако се случила експлозијата.

Scroll to Top