(Видео) Експлозија во рафинерија за нафта во Јужноафриканска Република

пред 3 години

Во рафинеријата за нафта на компанијата „Енген“ во Дурбан, Јужноафриканска Република се случи експлозија, изјави претставник на локалната полиција.

Како што изјави за „Ројтерс“, полицијата сè уште не добила извештаи дали има повредени или загинати.

Портпарол на Енгел за „Ројтерс“ изјави дека ќе даде изјава подоцна.

Тоа е втора по големина рафинерија за сурова нафта во Јужноафриканската Република.

Scroll to Top