Товарен брод удри во танкер, постои опасност од излевање на милион барели нафта

пред 3 години

Кинеската управа за поморска безбедност денес објави дека во Жолтото Море дошло до излевање нафта од танкерот „А Симфони“, кој превезувал околу милион барели нафта.

„Товарен брод удри во ‘А Симфони’. Сите се безбедни, а ние сме во процес на запознавање со фактите”, рече еден извор.

“Ројтерс“ наведува дека танкерот, со знамето на Либерија, последен пат бил виден во близина на пристаништето Кингдао, според податоците на „Рефинитив ајкон“.

Преброен е целиот екипаж на танкерот „А Симфони“ и нема извештаи за повредени, се вели во соопштението на управителот на бродот, како што пренесува агенцијата „Блумберг“.

Распоредени се локални експерти за одговор на излевање на нафта за да се запре излевањето на нафтата и да се започне со расчистување, се вели во извештајот.

На блиските бродови им беше наредено да бидат оддалечени најмалку 18,5 километри од локацијата на инцидентот.

Scroll to Top