(Видео) Зеленски: На целиот свет му е јасно дека Русија претрпе пораз

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија претрпела стратешки пораз во Украина и дека тоа веќе очигледно му е јасно на целиот свет.

„ На Русија едноставно и недостасува храброст да го признае тоа“, рече тој во своето ноќно обраќање.

Зеленски додаде дека руските сили се кукавици и се обидуваат да ја сокријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади.

Тој им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите што ги спасиле животите на украинските војници и додаде дека руските сили уништиле 570 здравствени установи од почетокот на војната.

Scroll to Top