ВИДЕО: Километарски колони за влез во Србија, на вакцинација се доаѓа од сите соседни држави

пред 3 години

Колони возила чекаат на граничните премини за влез во Србија поради почетокот на бесплатната вакцинација на странските граѓани во Белград за време на викендот. Најголема гужва има на премините со Босна и Херцеговина.

Камерите на српското министерство за внатрешни работи покажуваат колони возила на влезот во Србија на скоро сите премини за влез во државата.

Колони возила има и на преминот Хоргош на влезот во Србија од Унгарија како и на преминот Шид кон Хрватска.

Стопанската комора на Србија, во соработка со Владата на Србија, обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот.

Така, викендов беше организирана вакцинација во Белград и во Ниш за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени.

Scroll to Top