ВИДЕО: Лажната Грета разговараше и со канадскиот премиер Трудо

пред 3 години

Руските пранкери познати по мамење на светски лидери и познати личности го „фатија“ и премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Во 11-минутната снимка на телефонскиот повик објавен оваа недела на Јутјуб, пранкерот кој се преправа дека е Грета Тунберг, го праша Трудо за Трета светска војна, Доналд Трамп, принцот Хари и сопругата Меган, војвотката од Сасекс.

Во изјава за CTV News, Кабинетот на премиерот соопшти дека пранкерите го побарале Трудо во време кога светските лидери го повикувале канадскиот премиер да изразат сочувство за 85-те Канаѓани кои беа убиени на летот на украинскиот авион што беше соборен во Иран во јануари.

„Ова не е прв повик на светски лидер“, напиша канцеларијата на Трудо во изјавата.

„Премиерот утврди дека повикот е лажен и веднаш го заврши“.

Во минатото, пранкерите познати како Вован и Лексус разговарале и со принцот Хари, Камала Харис, Берни Сандерс, Били Ејлиш, Моника Левински и Били Портер. Нивниот канал на YouTube има повеќе од 111.000 претплатници.

Scroll to Top