Меркел разговараше со Путин за заедничко производство на вакцини

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за можностите за заедничко производство на вакцини против коронавирус, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Тие разговараа за сродни прашања поврзани со борбата против пандемијата на коронавирус, а особено за можностите за заедничко производство на вакцина. Постигнат е договор за продолжување на контактите за тоа прашање на ниво на министрите за здравство на двете земји и други специјализирани служби“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.

Scroll to Top