ВИДЕО: Држејќи ја сопругата за рака, канадскиот премиер Трудо се вакцинира со „АстраЗенека“

пред 3 години

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

Трудо, кој во декември наполни 49 години, се имунизира со вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“, во една аптека во главниот град Отава.

– Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата, држејќи ја сопругата за рака додека ја примаше инјекцијата.

Неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година, денеска исто така ја прими прват доза од вакцината.

Scroll to Top