НАТО ќе разговара за ситуацијата на руско-украинската граница

пред 3 години

НАТО ќе разговара за ситуацијата на руско-украинската граница и за повлекувањето на трупите од Авганистан. Видеоконференциската средба е иницирана од САД.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин се наоѓаат во Брисел, каде изутринава ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Подоцна, темите ќе бидат дискутирани со нивните колеги од останатите земји-членки на Алијансата.

Видеоконференцијата ќе се одржи во момент на зајакнати тензии меѓу Русија и Украина, само еден ден откако претседателот на САД, Џо Бајден објави дека ќе ги повлече американските војници од Авганистан до 11 септември.

Scroll to Top