ВИДЕО: Министерот за здравство на Хрватска вакцинираше граѓани

пред 3 години

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош заедно со медицинскиот персонал од Хрватскиот завод за јавно здравје лично ги вакцинираше граѓаните.

„Ова е борба за цели цивилизации. Ќе видиме каква ќе биде состојбата за 10 до 15 дена“ – изјави министерот.

Тој ги вакцинираше граѓаните со „Астра зенека“.

Берош на Твитер сподели фотографии од вакцинацијата.

„Повеќе од милион дадени дози, надминат рекордот на дадени дневни дози, секој четврти граѓанин вакциниран. Статистиката е одлична, да им се дава вакцина на граѓаните е одлично чувство. Им благодарам на сите кои вакцинираат, но и на граѓаните што имаат доверба во струката и во науката“ – напиша Берош на социјалните мрежи.

Минатата година во ноември, Берош го прележа коронавирусот.

Scroll to Top