(Видео) Поради масовна божикна забава австралиските власти се заканија со депортација на туристи

пред 3 години

Поради забава на плажа одржана во Синдеј за Божиќ, на која присуствувале стотици луѓе, на патниците од Велика Британија австралиските власти им се заканија со депортација поради кршење на правилата против ширењето на коронавирусот, пишува Би-би-си.

Видеото од забавата споделено на социјалните мрежи покажува како стотици млади луѓе на плажата Бронте пијат, танцуваат и пеат на Божиќ, а настанот предизвика незадоволство кај локалното население, додека властите го нарекоа „апсолутно застрашувачки“.

Собраните не носеле маски и не одржувале никакво растојание.

Министерот за имиграција Алекс Хок изјави дека е шокиран од глетката од плажата.

Тој рече дека визите можат да им бидат откажани или повлечени на лицата кои ја загрозуваат јавната безбедност и здравје, а исто така ги предупреди и другите учесници на настанот.

Хок, сепак, не прецизираше дали властите ќе ги следат контактите на учесниците на забавата. Ниту еден од учесниците на забавата не е казнет, ниту пак е изречена некоја друга мерка, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс.

Прзничните забави во познатите туристички дестинации во Австралија се чести и вообичаени.

Очевидци на последниот настан, одржан и покрај владините мерки, веруваат дека повеќето учесници на истиот биле од Велика Британија, а не од Австралија.

Scroll to Top