Лудата новогодишна забава во близина на Рен заврши со казни за половина од учесниците

пред 3 години

Новогодишна забава организирана јужно од Рен, која почна во четвртокот навечер, заврши изутринава откако беше демонтирано озвучувањето. Околу 2.500 млади од цела Франција, па дури и од странство, се собраа во близината на Рен и покрај забраната за јавни собири и прослави.

Немаше интервенција од полицијата, соопшти префектурата, прецизирајќи дека жандармите вршеле проверки и казнувања на учесниците, кога тие ја напуштале забавата. Вкупно беа казнети 1250 учесници на забавата, особено за непочитување на полицискиот час, неносење маска и незаконско учество на собир.

Спасувачите и здруженија на граѓани беа на лице место за да дистрибуираат гел и маски „за да се ограничи ризикот од ширење на вирусот во рамките на собирот. Отворена е истрага за „незаконско организирање на празничен музички собир“, „намерно насилство врз лица кои имаат јавни овластувања,“ „оштетување на имот на трето лице во група“, „скриена работа“, „незаконско точење на алкохол “ и„ кршење на законодавството за наркотични дроги и олеснување на нивната употребата “.

Инаку според податоците на министерството за внатрешни работи во текот на новогодишната ноќ низ цела Франција имало 660 апсења и силите на редот напишале 6600 казни за непочитување на полицискиот час. Притоа 25 припадници на силите на редот биле повредени во судири во повеќе градови.

Scroll to Top